Вебкафе

Има Opel Astra, а сонувал да има Audi R8 – па, малку поработи „на случајот“

Кога само сонуваш, без да дејствуваш, твоите соништа остануваат само во доменот на фантазијата и мечтите. Но, оној што се посветува и на реализација на соништата, многу почесто и пореално ги живее истите.

Веројатно по некое вакво животно мото се водел еден Романец кој, иако во својата гаража имал само Opel Astra, сонувал да поседува и да вози Audi R8. Типот решил тој негов сон да не остане само пуста желба и мечта, па конкретно поработил на реализација на истиот.

„Засукувањето на ракавите“ го чинело само 2.500 евра, за неговата Astra со 101.000 изминати километри да ја претвори во црвен Audi R8. Нормално, трансформацијата е само надворешна, „шминкерска“, а останатото под хаубата се оригиналните делови од неговата Astra.

Advertisements
To Top