Има 5 години и си ги продава играчките за да им помогне на луѓето од Петриња


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографијата која е направена пред неколку дена во Сплит, а стана хит на социјалните мрежи, прикажува дете кое на импровизиран штанд ги продава своите играчки со цел да донира пари за луѓето од Петриња.

Хрватските медиуми дознаваат дека се работи за малиот Лео кој има само пет години.

Неговиот мал штанд гласи: „Вкупниот приход ќе го утроиме и ќе го донираме на Црвениот крст за да и помогнеме на Петриња“.

Фотографија се појави и на Фејсбук страницата Фудбал њуз, каде предизвика голем ентузијазам и воодушевување.