Home Вебкафе Им погоди точен резултат: Србин лапна над 40.000 евра кладејќи се на Вучиќ

Им погоди точен резултат: Србин лапна над 40.000 евра кладејќи се на Вучиќ

Белграѓанин заработи повеќе од 40.000 евра, кладејќи се дека Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија ќе добие 42,75% гласови повеќе од Вук Јеремиќ.

Тој во филијалата од една обложувалница во центарот на Белград уплатил тикет од 6.175.000 динари  (околу 50.000 евра) со коефициент од 1.85 дека Вучиќ ќе има 42,75% повеќе гласови од Јеремиќ.

Облогот го доби со добивка од 11.423.750 динари (околу 92.000 евра), при што има чиста заработка од 42.000 евра, пренесуваат белградските медиуми.

Вучиќ доби повеќе од 55% од гласовите, а Јеремиќ околу 5,6%.

Исто така, еден обложувач загуби околу 4.000 евра, кладејќи се дека Саша Радуловиќ ќе има повеќе од 2,3% гласачи, а тој доби околу 1,4% од вкупните гласови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…