Им беше кум на Брена и Боба, побогат е од Роналдо и Меси заедно, а наводно има 30 вонбрачни деца


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот тенисер и романски бизнисмен Ион Цириак, е венчален кум на српскиот славен брачен пар Брена и Боба Живојиновиќ.

За оние кои не чуле за Ион, тој е четири пати побогат од Роже Федерер, чие богатство се проценува на 450 милиони долари. Тоа значи дека има поголемо богатство од Кристиано Роналдо и Меси заедно, или од Федерер и Ѓоковиќ заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @_vmsports_

Цириак својата тенисерска кариера ја започна во шеесетите години од минатиот век, а потоа почна да игра во парови. Во тандем го освои и Френч Опен 1970, а 9 години подоцна реши да ја прекине играчката кариера.

Откако во 1979 година се повлече од активна игра на тениските терени, стана тениски менаџер. Ги водеше кариерите на Борис Бекер и Горан Иванишевиќ.

Моменталното богатство на Цириак се проценува на 2 милијарди долари. Чисто за споредба, Федерер моментално се проценува дека „тежи“ 450 милиони долари.

После падот на комунизмот во Романија, во Цириак во 1990 година ја основа Banca Ţiriac, првата приватна банка во Романија. После тоа следуваат низа успешни инвестиции во други дејности кои Цириак ќе го позиционираат на 738. место на листата на најбогати луѓе на светот според Форбс.

Ион поседува и завидна колекција на автомобили и мотоцикли, меѓу кои и возила кои порано биле во сопственост на Ал Капоне, Семи Дејвис Јуниор и Елтон Џон.

Во брак бил само еднаш и тоа пред да стане славен, со ракометарката Ерика Брает. Има три деца – синот Ион Цириак Јуниор кој го добил со манекенката Микете фон Ајзенберг, и синот Карим и ќерката Иоана кои ги доби со египетската новинарка Софи Ајад.

Наводно, во една прилика, за романските медиуми открил дека има уште 30 вонбрачни деца.