ПОЕЗИЈА ЗА ДУША: „Лозница и дом“ – Алфонс де Ламартин


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мене таму тажно претчуство ме гони:
ништо не се сменило, освен што минало време.
Во домот врз кој лута погледот мој сонлив
само гласот на жителите нем е.

Нека твојот поглед, следен од срцето, оди
на јужната страна од домот наш стамен;
глеј како лозницата, што богат род роди,
лази сè уште упорно по смлачниот камен.

Глеј ја камената куќа со прагот стар, скршен,
врз кој нашите чекори оставиле трага.
Ја гледаш ли како се облекува во бршлен
како во црнина што се носи во тага…

Погледни како под покривот што се руши
сè уште се витка лозницата жива,
тука, кај што стеблото на смоквата се суши,
на куќниот агол што од старост се свива.

(На фотографијата е родната куќа од Ламартин која тој ја опеал во песната погоре, а во која го поминал детството. Интересен податок е дека бршленот кој го има на фасадата, а го спомнува и поетот во песната, воопшто не постоел ниту кога Алфонс растел, ниту кога ја напишал песната. Го посадила неговата сестра после смртта на поетот „за да биде како во песната“.)