Игуаин се сели во Париз, Јувентус веќе најде замена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Гонзало Игуаин ова лето ќе ја напушти „старата дама“, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Париз.

Имено, ПСЖ е силно заинтересиран да го донесе Аргентинецот во своите редови како замена за Едисон Кавани.
Леонардо веќе стапил во контакт со братот на Игуаин, а Јувентус е спремен да го пушти напаѓачот и веќе почна да бара замена.

Најголема желба на „старата дама“ е Мауро Икарди. Икарди игра одлично на позајмицата во ПСЖ, меѓутоа сака да се врати во Италија и Јувентус е негова прва опција.

Со оглед на фактот дека неговите врати во Интер се затворени, „нероаѕурите“ се спремни да го пуштат во големиот ривал доколку пристигне понуда од 65 милиони евра.