Играчка од 59 долари од 1968 година денес се проценува на 100.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова автомобилче-играчка произвдено во 1968 денес за колекционерите на „Hot Wheels“ буквално претставува Светиот колекционерски грал.

Беше пронајден од Џоел Мејџ, обожавател на серијата „Pawn Stars“ познат како „Извидник за играчки“. Станува збор за моделот Chevy Camaro, во бела боја. Она што го прави посебен и неизмерливо поскап од обичен модели на автомобилчиња е фактот дека станува збор за прототип на кој што требало да се види какви несовршености ќе генерира употребата на новата нијанса на бела боја.

Биле произведени само 16 примероци, во далечната 1968 година, но само неколку биле во продажба. Мејџ го пронајде овој скап модел случајно како дел од колекцијата на автомобили „Hot Wheels“ и, по истражувањето, утврди дека тоа е единствениот примерок што постои . И никој не може да си поигрува со тоа , затоа што неговата цена се проценува на најмалку 100.000 американски долари. Новото автомобилче во 1968 година чинело 59 центи.