Италијанскиот политичар Салвини остана без имунитет – „му виси“ казна затвор од 15 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските сенатори вчера изгласаа укинување на имунитетот на политичкиот лидер на италијанската крајна десница, Матео Салвини, со што се отвора можноста за потенцијално судење на Салвини.

Судењето би можело да значи крај на неговата политичка кариера поради обвинувањата дека минатата година го задржувал емигрантите на море.

Одлуката на италијанскиот Сенат ќе им овозможи на судиите на Сицилија да поднесат обвинение против Салвини бидејќи одби да дозволи на група емигранти да влезат во пристаниште во Италија минатиот јули, додека чекаше други европски држави да се согласат да ги примат.

На Салвини, кој во тоа време беше министер за внатрешни работи на Италија, му се заканува затворска казна до 15 години доколку биде прогласен за виновен на крајот на правната постапка, која обично трае со години.

Знаејќи дека гласањето во парламентот речиси сигурно ќе биде против него, Салвини сакаше да извлече политички капитал од случајот прикажувајќи се како браните на италијанските национални интереси, пренесува Ројтерс.

„Одлучив против сопствените интереси… да одам на суд и да се потпрам на независноста на судството. За разлика од други кои бегаат, јас не бегам и смирено ќе ја дочекам пресудата, прво на судот а потоа на италијанскиот народ кога ќе гласа“, им кажа Салвини на новинарите.

Во текот на 14-те месеци на местото министер за внатрешни работи Салвини постојано спречуваше влез на емигрантите во Италија и ја попречуваше активноста на спасувачките бродови, заканувајќи им се на хуманитарните организации со казни и обидувајќи се да ги натера другите европски земји да ги примат емигрантите.