Home Спорт Играчите веќе знаат дека Мурињо набрзо ќе биде отпуштен

Играчите веќе знаат дека Мурињо набрзо ќе биде отпуштен

Иако по поразот од Тотенхем „Скај Спорт“ објави дека управата на „црвените ѓаволи“ ќе му изгласа доверба на Жозе во наредните натпревари, во соблекувалната постојано се зборува дека крајот на оваа тренерска ера ќе дојде наскоро.

Имено, играчите на Манчестер Јунајтед веруваат дека Жозе Мурињо ќе биде отпуштен од функцијата при пораз од Барнли следниот викенд, пишува „Сан“.

Според изданието, самите фудбалери не се задоволни од начинот на кој Португалецот раководи со тимот, како и од тактиката која ја прави за натпреварите. Најскапата аквизиција во историјата на тимот – Пол Погба, изјави дека „никој во моментов не знае што се случува“.

Манчестер Јунајтед ја започна сезоната со два порази во првите три кола, што е најлошиот старт за Јунајтед во изминатите 26 години.

Според букмејкерите на Островот, Мурињо е со најголеми шанси да биде првиот отпуштен менаџер во сезоната, а како негови наследници веќе се споменуваат Зинедин Зидан и Антонио Конте.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…