Home Актуелно Игор Јанушев избран за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори

Игор Јанушев избран за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори

Игор Јанушев, генерален секретар на најголемата македонска опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е избран да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори. Оваа одлука била донесена на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев до следната седница на Комитетот треба да предложи состав на Изборниот штаб.

На состанокот членовите на ИК ги анализирале и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат граѓаните кои им се обратиле.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…