На трети декември почнува судењето за случајот „Рекет“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За 3. декември започнува судскиот процес за случајот „Рекет“, кој според многумина домашни и странски политички аналитичари, ќе биде вистински тест за правната држава.

Случајот „Рекет“ е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска, соопшти Кривичниот суд. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека не се задоволни од досегашниот тек на настаните и ја оставаат отворена можноста да ги објават документите од истрагата кои тврдат дека ги поседуваат, пренесува Радио Слободна Европа.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски пред точно два месеца рече дека свиркач во ВМРО-ДПМНЕ им ги донел исказите кои биле дадени кај обвинителката, наредба за вештачење и резултати од вештачењето. Тогаш рече дека првиот момент кога ќе видат дека некој сакал да му наштети на јавниот интерес ќе ги објавеле документите. И сега од партијата велат дека не се задоволни од истрагата.