Во фаталниот автобус од сообраќајката кај Ласкарци имало вграден манипулатор за брзината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според сведоштвото на Филип Наумовски, возач вработен во Дурмотурс, кој на 13 февруари, денот кога се случи кобната сообраќајна несреќа кај село Ласкарци, во фаталниот автобус од несреќата цели осум години бил вграден манипулатор за брзината на тахографот кој покажувал лажна брзина на движење за 12-13 километри на час, пренесува Фокус.

Наумовски денес сведочеше во рамки на судското рочиште за несреќата, одговарајќи на прашањата на обвинителот за работењето на фирмата во која вози од 2011 година. Наумовски чиј газда е обвинетиот сопственик на Дурмотурс, Дурмиш Белули, пред судот призна дека во автобусот бил вграден манипулатор за брзината на тахографот кој ја лажирал брзината за 12-13 километри на час.

Вакви манипулатори имало вградено во три автобуси во сопственост на фирмата. За манипулаторите дознал неколку месеци откако бил примен на работа во 2011, што значи автобусите возеле со манипулатори околу осум години.

Сведокот заедно со уште еден возач кој претходно сведочеше, но не се сеќаваше на ништо, Бесник Халили, ги имал носено автобусите во фирма во Железара за да се вградат манипулаторите. Како што му кажал неговиот колега, тоа го наредил шефот на возниот парк, Ремзи Мифтари.