Ибра „во елемент“ го пукна стаклото – возачот на автобусот се изнервира (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Верните навивачи на Милан вчера ги пречекаа своите фудбалски миленици на „Сан Сиро“ каде што се одигра еден од решавачките натпревари за титулата против екипата на Аталанта.

Фудбалерите од Милано постигнаа два погодоци и ја задржаа лидерската позиција на табелата, веднаш пред градскиот ривал и актуелен шампион Интер, кој има два бода помалку.

Домашните навивачи приредија жестока атмосфера пред и по натпреварот, а таа атмосфера очигледно најмногу го погоди Златан Ибрахимовиќ, кој се потпре на ветробранското стакло на автобусот и почна да удира со раката и да го крши стаклото.