Српската православна црква ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во официјалното соопштение на СПЦ се наведува дека Соборот на Српската православна црква (СПЦ) го прифаќа општопризнатиот канонски статус на Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија доделен во 1959 година и изразува надеж дека СПЦ пратољубиво ќе го решава и ќе го реши конечниот канонски статус.

Во продолжение, наведени се одлуките кои се донесени во текот на денешниот ден во поглед на решавањето на долгогодишниот црковен проблем помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА.

„Соборот на СПЦ го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статусот на најширока можна автономија, односно полна внатрешна самостојност доделена уште во 1959 година. Се воспоставува полно литургиско и канонско општење. Дијалогот за идниот и за евентуално конечниот статус на епархиите во Северна Македонија не е само возможен, туку е и целисходен, легитимен и реален. Во дијалогот со нивниот иден и евентуално конечен канонски статус, СПЦ ќе се раководи само и исклучиво според ексиолошко-канонски и црковно-пастирски начела и норми, не грижејќи се за реалполитичките, геополитичките, црковнополитичките и други слични факти или за еднострани иницијативи. Соборот на СПЦ нема намера по решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со ограничувачки клаузули во поглед на опсегот на нејзините јурисдикции во матичната земја и во дијаспората“, наведено е во соопштението.