Ибра има порака за Гвардиола: Ти си безрбетник и кукавица!

Златан Ибрахимовиќ никогаш не му прости на Гвардиола сезоната во Барселона, а ново поглавје овој дуел ќе добие во април во Премиер лигата.

Познато е дека Гвардиола по секоја цена сакаше да го донесе Ибра, а потоа во вториот дел од сезоната без објаснување престана да комуницира со него.

Швеѓанецот се закани дека ќе го нокаутира Пеп каде и да го види надвор од Каталонија, што секако не се случи, но нивниот дуел е најпознат во историјата на модерниот фудбал.

„Немаш мадиња…“, му рекол еднаш Ибра на Пеп и тука засекогаш завршила нивната конверзација.

„Ќелавкото пред мене беше проблем, му урлав во лице, а тој молчеше. Тој е безрбетник и кукавица“, изјави Ибра за Гвардиола.

Сега двајцата се во ист град, но во два различни клуба, а на 27-ми април ќе играат еден протув друг.

„Мене ме мотивира кога ќе го видам на клупата, во позитивна смисла, иако за него имам најлошо мислење бидејќи е многу лош човек“, заклучи Швеѓанецот.