Home Актуелно ИАКО ГРЦИЈА НЕ ОДБИ, ВЛАДАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Република Илинденска Македонија е задоволително решение!

ИАКО ГРЦИЈА НЕ ОДБИ, ВЛАДАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Република Илинденска Македонија е задоволително решение!

Последниот предлог од македонска страна, кој крена огромна прашина и бура од реакции по социјалните мрежи, беше одбиен од грчката страна, но тоа не ги поколеба нашите власти уште еднаш да потенцираат дека Република Илинденска Македонија за севкупна употреба е најзадоволителното решение.

Иако овој „гамбит на Заев“ крена огромни воглавно негативни реакции во македонската јавност, а експресно беше одбиен и од грчка страна, сепак нашата Влада денес повторно соопшти дека предлогот е најприфатлив за двете страни.

Од Владата велат дека Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис кој ги задоволува двете страни. Очекуваме дека предлогот ќе биде разбран и ќе најде поширока поддршка во Атина.


-Со ова име, правиме целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации према ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Тоа е истата борба, и во 1903 и во 1944 година, се вели во денешното соопштение на Владата.

Од Владата велат дека Република Македонија и граѓаните на Република Македонија немаат никакви територијални претензии и ги потврдуваат неменливоста на границите и почитувањето на наследството на грчкиот народ и Грција.

-Владата на Република Македонија ќе ги продолжи разговорите со Владата на Република Грција се до изнаоѓање дефинитивно решение на 25-годишниот спор. Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народи никогаш не било поголемо. Ќе ги вложиме сите напори да извлечеме максимум од овој позитивен историски момент за двете држави, се вели во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…