И официјално откриен нов континент на Земјата: Еве каде се криел цело време, еве каде се наоѓа

Mangawhai Heads, New Zealand

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Научниците на планетата Земја открија уште еден континент, кој го нарекоа Зеландија, а кој се крие во Тихиот Океан, а од кој Нов Зеланд е само еден мал дел од неговата површина.

Тоа е резултат од неодамна објавеното истражување кое го правеа единаесет научници, утврдувајќи дека Нов Зеланд и Нова Каледонија всушност се дел од 4,9 милиони квадратни километри големо парче континентална кора која се одвоила од Австралија, пренесува RT.

„Ова не е ненадејно откритие, туку постепено осознавање“

Студаијта која ја објави Американското геолошко друштво покажува дека 94% од површината на тој континент се нашла под вода уште пред повеќе од 25 милиони години, и тоа како резултат на исчезнување на кората пред суперконтиненталниот распад. Научниците до тоа сознание дошле користејќи напредна технологија со гравитациски карти.

„Научната вредност на класифицирањето на Зеландија како континент е многу поголема од обично додавање на неговото име на пописот на постоечки континенти“, тврдат истражувачите, потенцирајќи дека тоа не е „ненадејно откритие“, туку „спознание до кое се дошло постепено“.

„Тоа што еден континент може да биде потопен, но не и фрагментиран, укажува на интересна геодинамика и дава нов увид во истражувањето на спојувањето и раздвојувањето на континенталните плочи“, истакнуваат од научниот тим.

Не е склоп од континентални „отпадоци“, туку вистински континент

Тимот од научници напоменува дека треба да се земе во предвид и тоа дека станува збор за геолошки континент, а не склоп од континентални острови и „отпадоци“ (фрагменти), како што до неодамна се мислеше.

„Врз основа на геолошки и геофизички докази кои се собрани од различни страни, особено оние собрани во изминатите две децении, може да се каже дека Зеландија не е склоп од делумно потопени континентални делови, туку кохерентен континент со површина од 4,9 милиони квадратни километри“, стои во студијата.

Два пати се „откршил“, а потоа потонал

Имајќи во предвид дека геолозите Европа и Азија ги сметаат за еден џиновски континент Евроазија, Зеландија и официјално станува нов, седми геолошки континент.

Дебелината на кората од тој континент е помеѓу 10 и 30 километри, а отприлика е со големина на Индија. Се верува дека бил откршен од Антарктикот пред околу 100 милиони години, па дека уште еднаш се откршил од Австралија, пред околу 80 милиони години.