Home Актуелно И денес променливо и облачно време

И денес променливо и облачно време

Временската прогноза и за овој четврток најави променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 15 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 22 степени.

Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…