Хрватска на пенали избори пласман во четвртфинале на Светското првенство во Катар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонија од самиот старт покажа дека не влегува во овој меч да се брани и да чека грешка од противникот.

Хрватска не успеваше да ја игра својата течна игра и да создава шанса во првото полувреме, Јапонија одлично се бранеше и одлично ги организираше нападите.

Јапонците покажуваа дека може да бидат опасни и од прекини, па после еден корнер изведоа одлична акција и поведоа со 1:0 со голот на Маеда во 42-та минута.

Во второто полувреме Хрватска брзо дојде до израмнување. Во 55-та минута Ловрен испрати центаршут, а Перишиќ постигна одличен гол.

Во продолжение на мечот „коцкестите“ беа подобар тим на теренот, создаваше шанси, но Јапонија спорадично се закануваше. Хратска не успеа да ја материјализира добрата игра, па мечот замина во продолженија.

Откако и во продолженијата двете репрезентации не постигаа гол, победникот беше решен после изведување на пенали.

Ливаковиќ беше херој за Хрватите и одбрани три пенали, па ја однесе репрезентацијата во четвртфинале.