Вторничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во утринските часови од шестиот ден од месец декември во Македонија наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје наутро со појава на магла, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер и дневна температура од 12 Целзиусови степени. Маврово 7, Охрид 12, Битола 11, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци 12, Дојран 13.

Утре наутро наместа ќе има магла, а во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 8 до 13 степени.