Ненадејно почина бившиот пратеник Сашко Костов – добил срцев удар на судско рочиште


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денеска, на 50-годишна возраст, ненадејно почина Сашко Костов, бивш пратеник во македонското Собрание од редовите на СДСМ.

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10:30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание.

Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.