Хороскопот советува: Кој е совршениот филм за вас за божиќните празници?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со толку неверојатни филмови, некогаш е тешко да одлучиме кој е најдобриот за нас. Сепак, астрологијата секогаш има совети за нас, па така и за празничните филмови.

Овен – The Last Holiday

Овните сакаат да живеат брзо и се однесуваат како да е крај на светот, така што овој филм е како исполнување на нивните желби. Кога Квин Латифа ќе дознае дека има тешка болест, таа дава отказ на работа, ги остава сите проблеми и тргнува на пат во Европа за да се забавува и да ги потроши сите пари.

Овните во потполност ќе уживаат во овој филм бидејќи се поклопува со нивната импулсивност.

Бик – Home Alone

Сонот на секој Бик е да се релаксира во својот дом уживајќи во убава храна. Биковите лесно можат да се поистоват со опуштањето и уживањето на Кевин кога ќе остане сам дома, но и неговата храброст да се справи со провалниците и фактот дека се потпира само на себеси, нешто што им е познато на сите Бикови.

Близнаци –  Love Actually

Близнаците се друштвен знак кој секогаш сака да ужива во животот, а овој филм нуди вистинско празнично уживање. Со 10 различни приказни во него, доволен е да го држи вниманието на Близнаците и да ги задржи залепени до екранот.

Рак  – Elf

Нежен и весел филм за потрагата по семејството е совршен за Раковите. Бади (главниот лик во овој филм ) е сигурно Рак. Тој е чувствителен кој сака да шири среќа за сите околу него. Воопшто не му е грижа што мислат другите за него.

Лав – Die Hard

Драма и акција –  совршена комбинација за Лавовите. Топло срце во средиштето на лудата акција и Брус Вилис. Лавовите се предадени до крајот и дефинитивно сонуваат да бидат јунаци во ваква романтична приказна.

Девица – A Charlie Brown Christmas

Девиците се организиран знак кој сака да им помага на другите. Тие ги ценат редот и традицијата, а Чарли Браун е одличен празничен филм за нив. Освен тоа, трае само 30 минути, така што тоа е сосема доволно за да биде дел од богатиот распоред на Девиците.

Вага – The Holiday

Со владеењето на Венера, Вагата е вистински романтичар, па оваа романса е совршена за секој кој е роден во овој знак. Кога Камерон Дијаз и Кејт Винслет ќе се разочараат од љубовта, тие одлучуваат да ги заменат своите домови за празниците и да најдат романса и љубов. Ова е нешто што Вагите сигурно би го направиле.

Шкорпија – The Nightmare Before Christmas

Шкорпиите не сакаат досадни романтични филмови, туку нешто што навистина ќе го задржи нивното внимание. Со оглед на тоа дека сакаат мистерии и морбидни детали, најдобриот филм за нив е некое ремек дело на Тим Бартон.

Стрелец – Christmas Vacation

Како еден од најинтереснита знаци, Стрелците дефинитивно треба да ја изгледаат една од најдобрите комедии за празниците. Во овој филм, главниот лик (Chevy Chase) само сака да има совршен одмор со своето семејство, но ништо не му оди од рака.

Јарец – How The Grinch Stole Christmas

Ако не прашате нас, со сигурност ќе кажеме дека Гринч е Јарец. Јарците често се личности кои не ги поднесуваат празниците, а тоа е поради тоа што се песимисти и не сакаат да трошат на време на „глупости“. Но, овој филм ќе го стопи нивното студено срце.

Водолија – Rudolf, The Red-nosed Reindeer

Водолиите се хумани личности кои сакаат заедништво, но и индивидуалност. Логично е ова да биде нивниот омилен филм. Како и Рудолф, така и Водолиите секогаш се издвојуваат од тимот. Тие само го прават тоа што е најдобро за другите.

Риби – The Polar Express

Како најдуховит и најмистичен хороскопски знак, Рибите ќе уживаат во овој филм, во кој младото момче на Бадник го напушта таинствениот воз кој вози на Северен пол.

 

Извор: Јавно.мк