Home Актуелно Хорор на Кајмакчалан: Еве во какви услови качувале планинарите од кои двајца загинаа (видео)

Хорор на Кајмакчалан: Еве во какви услови качувале планинарите од кои двајца загинаа (видео)

Двајцата планинари кои беа пронајдени мртви под врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе, биле дел од група планинари со организирано качување на врвот кои се соочиле со сериозни проблеми и ужасни услови за време на потфатот.

Групата од неколку луѓе кои го искачувале врвот против имале разорен ветер од 150 километри на час и температура од минус 20 степени. На Инстраграм беше споделена снимка од искачувањето на планината.

A post shared by Vlado Bosnjakovski (@vlado_ftw) on

28-годишната Калина Велевска заедно со уште еден планинар, 35-годишниот Александар Миновски, загинаа по бурата која ги зафатила на планината Ниџе. Најверојатно, од силниот ветер паднале во дол по што на лице место починале.

Со помош на хеликоптер, 3 возила и 13 лица од службата за спасување, двете тела се извлечени и однесени во болница каде е констaтирана смрт.

Фото и видео: Инстаграм (vlado_ftw)

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …