Холандските научници развиваат ласерска инјекција за „безболно“ вбризгување без игла


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холандски научници работат на развој на ласерска технологија што може да резултира со „речиси безболна“ инјекција без игла. Научниците сметаат дека нивниот досегашен успех е подобрување што ќе го ублажи стравот од игли кај некои пациенти.

Уредот, кој потсетува „балон -пиштол“, користи ласер што турка мали капки низ надворешниот слој на кожата, објасни Дејвид Фернандез Ривас, професор на Универзитетот Твенте и асистент за истражување на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), кој ја осмислил и развил идејата.

Самата процедура е побезболна од каснување од комарец и „не треба да боли“ бидејќи нервните завршетоци на кожата не се допираат едни со други. Тој додаде дека постапката дополнително ќе се изучува.

„Чашата што ја содржи течноста се загрева со ласер во милисекунди, а потоа се создава меур во течноста што ја турка течноста низ надворешниот слој на кожата со брзина од најмалку 100 километри на час“, рече тој во интервју за Ројтерс.

“Таквата постапка овозможува да се инјектира течност низ кожата без никакви оштетувања или лузни. Не се гледаат рани или влезни места”, рече Ривас, додавајќи дека очекува неговиот пронајдок да им помогне на повеќе луѓе да се одлучат за вакцинација, истовремено спречувајќи го ризикот од контаминација, што може да настане поради валкани игли. И на крај, но не и најмалку важно, неговиот изум ќе помогне да се намали медицинскиот отпад.

Тестовите со примероци од ткиво биле успешно спроведени благодарение на грантот од 1,5 милиони евра од Европската унија, а компанијата ќе аплицира за финансирање за да започне со тестирање на новиот уред на волонтери овој месец, открива Ривас.

Тој, исто така, рече дека новата почетна компанија ќе работи со претставници на фармацевтската индустрија за да ја тестира и пласира технологијата Bubble Gun. Но, до моментот кога методот ќе стане достапен за пошироката јавност, може да потрае од една до три години, во зависност од напредокот на истражувањето и регулаторните прашања.