Холандски инвестициски фонд купува мнозински удел во клиничката болница „Жан Митрев“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандски инвестициски фонд „Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ ќе стане мнозински сопственик на приватната здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ преку купопродажба на удели.

Комисијата за заштита на конкуренцијата објави известување за концентрација со која „Балкан алајанс хелткер Б.В.“ ќе стекне директна контрола над клиниката „Жан Митрев“.

„Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ од Амстердам има намера да стапи во стратешко партнерство со клиничката болница „Жан Митрев“ преку стекнување на контрола со купување мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита.

Комисијата утврди дека „предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, кое е објавено на 15 јуни.

Холандскиот инвеститор е финансиска холдинг компанија која врши инвестиции во претпријатија кои вршат дејности поврзани со давање на здравствени услуги.