Вторничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска во Македонија ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја.

За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.