Home Шоубизнис Хоакин Феникс и Руни Мара го чекаат првото дете?

Хоакин Феникс и Руни Мара го чекаат првото дете?

Оскаровецот и еден од најталентираните холивудски актери на денешницата, Хоакин Феникс, кој ја освои најпрестижната филмска златна статуетка за главна машка улога во филмот „Џокер“ и неговата партнерка, актерката Руни Мара, го очекуваат првото дете.

Извор за „Page Six“ истакнал дека Мара отприлика е во шести месец од бременоста, но претставниците на 35 годишната актерка и нејзиниот 45 годишен партнер сепак не ја потврдиле веста.

Парот се запознал на сетот на филмот „Her“, но почнале да се забавуваат во 2017 година, кога го снимале филмот „Марија Магдалена“.

Феникс признал за „Vanity Fair“ минатата година дека прво бил уверен дека Мара го презира. Подоцна сфатил дека била заинтересирана за него, но била премногу срамежлива за тоа да го изрази.

„Таа е единствената девојка која некогаш сум ја пребарувал на интернет. Бевме само пријатели“, објаснил Феникс.

Во средината на минатата година парот се вери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …