Хаос во Израел и Појасот Газа – во воените судири досега има над 1.200 жртви


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Силите на израелското воздухопловство во текот на изминатата ноќ бомбардирале над 500 цели на Хамас и Исламски Џихад. Палестинските власти соопштуваат дека во израелските воздушни напади во Газа до сега загинале 500 цивили а над 2.000 се ранети.

По 48 часа израелската армија ги ликвидираше сите инфилтрирани борци на Хамас, и Израел повторно има комплетна контрола над својата територија. Дополнително армијата тврди дека ги забарикадирале сите точки на кои борците на Хамас во саботата утрото пробија во Израел, но сѐ уште не може да гарантира дека нови милитантни не влегуваат на израелска територија преку други места долж границата на појасот. Во текот на дводневните борби специјалните единици извршиле повеќе операции за спасување на заложници кои борците на Хамас ги држае на повеќе места во Израел, пренесува Телма.

Според нивните проценки околу 1.000 борци на Хамас успеале да го пробијат одбранбениот периметар околу Газа, а најголем дел од нив се веќе ликвидирани. Покрај тоа, армијата соопшти дека веќе мобилизирала 100.000 резервисти по владиното зелено светло за превземање значителни воени чекори како одоговор на ненајдениот напад на Хамас.

Бројот на жртви во Израел постојано се искачува и веќе достигна 700, но израелските власти очекуваат тој да продолжи да расте. 260 тела се досега пронајдени на местото каде што се одржуваше музичкиот фестивал во пустината Негев, во близина на границата со Појасот Газа. Дополнително, засега е потврдено дека најмалку 100 лица биле киднапирани од израелските градови во близина на границата со Газа, а се претпоставува дека најголемиот дел од нив се одведени токму во појасот. Исто така е потврдено дека меѓу киднапираните, како и меѓу загинатите, има и странски државјани.

Во поддршка на Израел, САД го испратија најмодерниот носач на авиони У.С.С Џералд Форд во источниот Медитеран, пратен од еден крузер и 4 разурнувачи со наредба да бидат подготвени и да одговорат на секое можно сценарио, од спречување на достава на оружје на Хамас во Појасот Газа, до спречување на проширување на конфликтот со соседните држави.