Home Спорт Хаос во Фенербахче: Навивачите и претседателот се пресметаа во тунелот (видео)

Хаос во Фенербахче: Навивачите и претседателот се пресметаа во тунелот (видео)

Фенербахче по 20 години загуби на домашен терен од Галатасарај со 1-3, па тоа ја продлабочи кризата во клубот.

Поразот на домашен терен тешко им падна на навивачите на Фенербахче, кои по дуелот тргнаа кон свечената ложа за да се пресметаат со клупското раководство.

Претседателот на клубот Али Коч реши да им одговори, ја скокна стаклената ограда и влета меѓу лутите навивачи, па си разменија по неколку тупаници.

На снимката на која може да се забележат случувањата од ходникот, се гледа дека Коч го извлекол подебелиот крај затоа што имал видливи модринки под окото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…