Home Живот и здравје Ако претерате со овие обични намирници – може да доживеете одреден степен на халуцинации

Ако претерате со овие обични намирници – може да доживеете одреден степен на халуцинации

Факт и реалност е дека со што и да претерате во животот од страна на харан и пијалок, вашиот организам ќе си реагира на свој начин. Дури и препивањето со вода е опасно за здравјето, а за други намирници и да не правиме муабет.

А одредени научни истражувања потврдуваат дека ако претерате со консумирање на ови 6 целосно легални намирници, може да дојде до халуцинации и некои компликации. Затоа во вкусовите уживајте умерено, како и во се останато.

1. Една американска студија покажала дека пиење на 7 кафиња дневно може да предизвика халуцинации. Оваа количина може да предизвика да замислувате дека слушате звуци.

2.Чоколадото содржи анандамид, што е спој кој во голема количина внесена во телото, произведува ефект сличен на пушење марихуана. Човек со тежина од околу 60 килограми би требало да изеде оддеднаш околу 11 килограми чоколадо за да го почувствува овој ефект. Не дека некој може да го направи ова (уште не сме запознале таков чокоманијак), но убаво е да се знае овој податок.

3.Јадење на незрела дудинка исто така може да предизвика халуцинации.

4. Британска студија открива дека 20 грама од сирењето со мувла пред спиење може да предизвика бизарни соништа.

5.Феферонките предизвикуваат жестина во устата и грлото, поради што се поттикнува засилено производство на ендофрин и може да се почувствувате малку „дрогирано“.

6.Макот е намирница со силно наркотично дејство, бидејќи содржи голем процент на алкалоид морфиум.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дали бракот го продолжува очекуваниот животен век?

Одлуката за стапување во брак не треба да се донесе лесно. Постојат многу нешта што треба …