Гвардиола: Во Барса или Баерн веќе ќе добиев отказ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На крајот на првата сезона на кормилото на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека не ги оправдал очекувањата. Каталонскиот стратег сезоната ја заврши без ниту еден освоен трофеј што е прв пат во неговата кариера.

Претходно Гвардиола освојуваше трофеи со Барселона и Баерн Минхен, но големата конкуренција во Англија си го направи своето.

„При ваков случај во Барса и Баерн веќе ќе добиев отказ. Тами ако во првите шест месеци не покажеш дека можеш да победуваш веќе си аут. Никој не ти дава втора шанса. Тука ми ја дадоа и јас ќе се обидам да ја оправдам“, изјави Гвардиола.

Гвардиола има договор со „граѓаните“ на уште две сезони, а тој отворено признава дека само неговите минати успеси го задржале на кормилото на тимот од „Етихад“.

„Доколку и следната сезона работите не се одвиваат добро, раководството ќе ме смени. Иако тогаш ќе имам уште една година од договорот, нема да бидам тука бидејќи сум Пеп или поради тоа кое сум го постигнал во минатото“, заклучи Пеп.