Научниците тврдат: Атеистите се поинтелигентни од верниците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неколку десетици студии покажуваат и докажуват дека атеистите се поинтелигентни од верниците, пишува The Independent.

Мирон Закерман, Џордан Силберман и Џудит А. Хол од универзитетите Рочестер и Нортенист направија мета-анализа (поим кој означува статистичка анализа која комбинира резултати од повеќекратни научни истражувања) од 63 студии кои, пак, покажаа значајни негативни асоцијации помеѓу интелигенцијата и религиозноста.

Тие асоцијации биле најсилни меѓу студентите, а најслаби кај тинејџерите и децата.

Религиозноста, според испитаниците во овие истражувања, е дефинирана како „степен на вклученост во некои или сите аспекти на религијата“. Тоа вклучува и верување во надреални ствари и скапи обврски кон нив како предавање на имотот како некој вид на жртва. Друг аспект е учеството во заеднички ритуали, како одење во црква или помал страв од смртта поради верувањето дека после неа ве очекува рајот.

Поделбите помеѓу интелигенцијата и религијата се најсилни на факултетите. Истражувачите веруваат дека причина за тоа би можел да биде фактот дека поинтелигентните студенти го бираат атеизмот како форма на некомформитет. Универзитетите се места на кои студентите се изложени на нови идеи и влијанија, а студентите во тој период или ги отфрлаат веќе восприемените религиозни верувања или стануваат уште порелигиозни. Тие промени често се резултат на „истражувањето на самиот себе кое е типично за растењето и развојот, па често се смета за резултат на одделувањето од семејниот дом и преиспитувањето на сè поради што интелигенцијата влијае врз религиозните убедувања“.

Дури ни со староста не доаѓа до пресврт

„Со аналитичните размислувања (наспроти интуитивните) студентите се склони кон отфрлање на религиите. Ако нивниот атеизам нема одобрување во семејниот дом, поинтелигентните студенти ќе пружат отпор на притисокот за да се вклопат во тоа“, се наведува во студијата.

Подоцна во животот, поинтелигентните луѓе се повеќе склони кон бракот поради што се помалку подложни на чувството на поврзаност кое го пружа религијата. Поинтелигентните луѓе имаат повеќе шанси да најдат подобра работа и поминуваат повеќе време во школо, што доведува до поголема самодоверба и поттикнува на контрола врз личните верувања и убедувања, пишува во студијата.

Со стареењето расте и свеста за смртноста. Истражувањата во склоп на овие студии траеле 80 години и вклучувале луѓе од сите возрасни групи. Според студијата, нема докази кои се однесуваат на степенот на интелигенција и стравот од смртта. Иако може да се чини дека негативниот однос помеѓу интелигенцијата и религиозноста пропаѓа кон крајот на животот, доказите го потврдуваат токму спротивното. Најинтелигентните испитаници си го задржале ниското ниво на религиозност дури и на возраст од 91 година.