Гвардиола веќе најде замена за Агуеро!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми се погласно шпекулираат дека на крајот на сезоната Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити, а сега тврдат дека Гвардиола веќе нашол замена за Аргентинецот.

Имено, со парите од продажбата на Агуеро „граѓаните“ ќе го финансираат трансферот на Пјер Емерик Обамејанг кој е прва и најголема желба на Пеп Гвардиола.

Обамејанг неодамна призна дека на лето ќе ја напушти Борусија, а Пеп верува дека би бил идеално решение за неговиот напад и дека ќе биде одличен тандем со Габриел Жесус.

Борусија минатото лето лето ги одби сите понуди за Африканецот, но се верува дека следното лето ќе му дозволи на напаѓачот да си замине доколку некој клуб понуди 70 милиони евра.

Сепак, Сити ќе мора да се избори со жестоката конкуренција бидејќи Обамејанг е голема желба и на Реал Мадрид, Арсенал и ПСЖ.