Home Спорт Гвардиола спрема зимска трансфер „бомба“

Гвардиола спрема зимска трансфер „бомба“

Манчестер Сити не беше многу активен во летниот трансфер период, но менаџерот Пеп Гвардиола подготвува „бомба“ за јануари.

„Сан“ пишува дека стратегот на актуелниот англиски шампион подготвил 60 милиони фунти за Рубен Невес, играчот на Вулверхемптон.

Португалскиот плејмејкер го споредуваат со Андреа Пирло и Гвардиола сака да го донесе во Сити, откако не успеа да го ангажира Жоржињо, кој од Наполи премина во Челзи.

Невес е на мета на многу европски гиганти, но „Сан“ тврди дека е постигнат начелен договор и наскоро Португалецот ќе потпише преддоговор со „граѓаните“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…