Home Спорт Гвардиола ја победи конкуренцијата: Пристигнува португалската ѕвезда!

Гвардиола ја победи конкуренцијата: Пристигнува португалската ѕвезда!

Европските гиганти ова лето ќе водат жестока битка за потписот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернаднеш, но последните информации се дека Манчестер Сити е во пол-позиција за неговиот потпис.

24 годишниот фудбалер за врска оваа сезона буквално „експлодира“ и постигна неверојатни 31 гол во сите натпреварувања, притоа запиша 17 асистенции.

Манчестер Јунајтед, Јувентус и Пари Сент Жермен од поодамна покажаа интерес за Португалецот, но се чини дека Гвардиола ќе успее да ја победи конкуренцијата.

Се шпекулира дека Манчестер Сити веќе воспоставил контакт со агентцијата која го застапува Бруно Фернандеш и биле направени првите разговори за неговиот можен трансфер на „Етихад“.

Фернандеш има договор со Спортинг до 2023 година и во истиот има откупна клаузула во износ од 100 милиони евра. Сепак, португалскиот клуб е спремен да го пушти играчот доколку пристигне понуда приближна до 70 милиони евра.

Инаку, Фернандеш во Спортинг пристигна од Сампдорија летото 2017 година за нешто помалку од 10 милиони евра. Пред Сампдорија настапуваше за Удинезе, Новара и Боависта, клубот во чија младинска школа и поникна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…