Home Спорт Еден Азар е „кралот“ на асистенциите во Европа

Еден Азар е „кралот“ на асистенциите во Европа

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар запиша две асистенции во победата над Ватфорд со која „сините“ и официјално обезбедија учество во Лигата на шампиони следната сезона.

Белгискиот репрезентативец дојде до 15 асистенции оваа сезона и стана лидер меѓу играчите во европските лиги Топ 5 лиги (Англија, Германија, Франција, Шпанија, Италија).

Следни по Азар во оваа значајна статистичка категорија се Рајан Фрејзер од Борнмут и Џедеон Санчо од Борусија Дортмунд со по 14 асистенции.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси досега 13 пати им наместил гол на своите соиграчи.

https://youtu.be/w0AF4kABJec

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…