Home Актуелно Груевски пречекан со аплауз, Мијалков и цела екипи од ДПМНЕ на отворање на филхармонијата (видео)

Груевски пречекан со аплауз, Мијалков и цела екипи од ДПМНЕ на отворање на филхармонијата (видео)

Речиси целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на отварањето на новата филхармонија, која е пуштена во употреба без последните проверки на објектот.

На отварањето освен претседателот Ѓорге Иванов, премиерот во заминување Емил Димитриев, министерот за здравство, Никола Тодоров и министерката за култура, Елизабета Канчевска Милеска, присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неговиот братучед и екс директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните министри Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Зоран Ставрески. На отварањето дојде и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пратеникот Крсто Јовановски и градоначалниците со истечен мандат, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

За разлика од сите поранешни функионери кои седеа во последни редови од новата сала на Филхармонијата, Никола Груевски и неговата сопруга беа сместени во средниот ред, онаму каде што седеа претседателот Иванов и премиерот Димитриев.

Министерката во заминување, Канчевска Милеска претходно во изјава за медиумите рече дека ниту еден политичар не добил покана за присуство, туку дека сите си купиле карта за настанот иако никој од нив не покажа карта на влез во салата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…