Актуелно

Груевски од Тетово: ВМРО-ДПМНЕ има подобра програма

Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември е јасна бидејќи произлегува од сиот минат труд и од квалитетот и реалноста на новата програма на партијата и на Коалицијата, порача лидерот на владејачката партија и носител на листа во Изборната единица 4, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Тетово.

Победата е изработена со сите проекти и дела кои ги ветивме и реализиравме и исполнивме. Изработена е со над 160.000 нови работни места. Таа победа доаѓа и од квалитетот и реалноста на новата програма Реално на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од над 500 страници долго подготвувани, обмислени, реални проекти, со рокови за нов напредок на сите граѓани на Република Македонија – рече Груевски.

Тој повторно порача дека најсилната гаранција за завршување на кризата е во добивањето на 63 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и од Тетово го обвини лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев дека ги распродава државните и националните интереси на Македонија.

Пред насобраните граѓани во Тетово говореше и носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 6, Влатко Ѓорчев, која повика на одбрана на унитарноста на Македонија.

Advertisements
To Top