Груевски ја повлече неговата тужба против Заев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот премиер и осуденик Никола Груевски кој моментално е во бегство, со посредство на адвокат ја повлекол неговата тужба која ја имаше поднесено во 2014 година против актуелниот премиер Зоран Заев за клевета и навреди.

Груевски тужбата против Заев ја поднесе поради изјавите на Заев за вмешаност на Груевски во матната зделка при продажбата на „Македонска банка“. Заев тогаш објави снимка за која вели дека Груевски бил снимен како преку посредник ја договарал продажбата на „Македонска банка“ на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини. За ова Груевски бараше отштета од 500.000 евра.

Макфакс пренесува дека од Граѓанскиот суд го потврдиле повлекувањето на тужбата кое Груевски го направил преку адвокат.

Од Граѓанскиот суд за „Макфакс“ велат дека Груевски ја повлекол тужбата преку адвокат.

„Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8.01.2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување, согласно со чл.318 од Законот за парнична постапка“, велат од судот за „Макфакс“.