Home Спорт Грнчаров: Ако сега не сме подготвени, кога ќе бидеме

Грнчаров: Ако сега не сме подготвени, кога ќе бидеме

Македонскиот шампион веќе е во Копенхаген и во овие моменти го одработува својот последен тренинг пред утрешниот меч, кој е од клучно значење, од историја.

Капитенот на Вардар, ги потенцираше своите очекувања непосредно пред историскиот меч утре во Копехаген, пишува Спортски.мк.

„Вардар утре мора да нападне, важно е да се постигне барем еден гол. Ако утре постигнеме гол, Вардар оди понатаму“, истакна вардаровиот капитен.

На прашање дали тимот е подготвен да оствари историски успех, Грнчаров несомнено беше оптимист.

„За овој меч сме подготвени, ако не сме сега, кога ќе бидеме“, заклучи Грнчаров.

Вардар утре на гости ќе го одигра реванш дуелот против Копенхахен во рамки на третото квалификациско коло од ЛШ, а натпреварот е закажан за 20:00ч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…