Грчко сценарио во СЦ „Кале“: Скандал по кој Македонија триумфираше службено (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скандал денес го одбележа мечот во рамки на ЕП за ракометарки до 17. години на „Кале“.

Имено, младите селекции на Македонија и Грција попладнево требаа да го одиграат својот прв меч од ЕП, но дуелот беше откажан. Откако по загревањето, ракометарките се повлекоа од теренот, челниците на грчката репрезентација најдоа „маана“ во маичките на коишто пишуваше Македонија,па ракометарките на грчката репрезентација воопшто не излегоа на теренот.

Подоцна решија да излезат на паркетот, но само по 32 секунди барајќи тајм аут, селекторот повторно ја повлече својата екипа, по што епилогот беше службена победа за македонските ракометарки.