Грицкањето нокти буквално може да ве убие – Рики е доказ за тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради својата лоша навика да си ги грицка ноктите, 57-годишниот Рики Кенеди од Шкотска, за малку буквално ќе го загубеше животот.

Рики никако не можел да се раатиса од оваа негова навика, поради која добил сепса и морал неколку месеци да помине во болница, каде докторите се бореле за неговиот живот.

„Имам среќа што сум жив. Никогаш нема да бидам толку здрав и силен како порано, но уште сум тука со семејството и тоа ми е скапоцено.” , вели Кенеди. Тој сега ги советува луѓето да се откажат од опасната навика ако ја практикуваат.

Раскажува дека прв пат забележал проблем кога на палецот му се појавил плик. Но , не обрнал внимание , се додека инфекцијата не му ги зафатила рацете , а потоа и градниот кош и целото тело.

Не помогнале антибиотиците , а на целото тело му се создале огромни чиреви. Дури тогаш побарал помош , но веќе целото тело било зафатено со сепса.

Се сеќава дека имал страшни болки и само успеал да ја праша медицинската сестра дали умира. И покрај неколкуте месеци во болница, се уште треба да се лекува. Му претстои операција за санирање на разјадените коски од инфекцијата.