Груевски денес треба да се пријави во Шутка да си одлежи затворска казна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали бившиот премиер Никола Груевски денес, 8 ноември, кога му е последниот рок, ќе се пријави во затворското одделение во Шутка за одлежување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“?

Комисијата за мандатско-имунитетски прашања го одобри предлогот на судот за укинување на мандатот на Никола Груевски за да ја отслужи двегодишната затворска казна, на која е осуден во случајот „Тенк“.

Членовите на ВМРО ДПМНЕ, ја напуштија седницата тврдејќи дека тоа е политички, а не законски процес.

Претседателот на комисијата Павле Богоевски рече дека ќе гласаат за предлогот на судот затоа што делото за кое е осуден Груевски го прави недостоен за функцијата. Така и се случи.

Тој правосилно е осуден на две години затвор поради залоупотреба на положбата затоа што, додека беше премиер наредил купување на луксузен блиндиран Мерцедес.