Грета Тунберг го критикуваше Федерер – еве што ѝ одговори тенисерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако стана јавно и светски позната, шведската тинејџерка Грета Тунберг, која жестоко се залага за борба против климатските промени и зачувување на чистите природни ресурси, таа редовно бира големи имиња и познати фаци како мета за нејзините еколошки критики.

Овој пат, на нејзина мета за критикување се најде и тенисерскиот ас Роџер Федерер. Грета му упати прекор дека меѓу неговите спонзори има компании кои го загадуваат воздухот.

Швајцарецот сигурно не се надеваше на вакви критики, но одлучи да ѝ одговори на младата Грета.

„Многу е важно да ги бираш вистинските мети за критики на кои ќе им ги пренесеш вистинските пораки на коректен начин, а не само да напаѓаш луѓе“. Тој додаде дека често е мета на неоправдани критики.

„Мојата популарност е злоупотребена. Ако му помогнам некому, ме критикуваат зошто не сум им помогнал на другите. Но, јас не можам да бидам насекаде, ниту да правам сè. Јас сум татко и тенисер“, порача Федерер.