Експлозивна направа фрлена во домот на кичевски јавен обвинител


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера вечерта, околу 19 часот, експлозивна направа била фрлена во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Кичево, соопштуваат од Обвинителството.

Експлозијата го оштетила возилото „Сеат леон“ кое било паркирано во просторијата во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец, гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.

„Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството врши проверка и на видео записите од камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот“, додаваат од Обвинителството.