Грчката митологија го има феникс, Италија ја има – Парма!

parma

Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во фудбалот секогаш постоеа големите и оние малите, но и оние симпатичните. Ни, големи, ни мали – едноставно симпатични! Меѓутоа по некое непишано правило, симпатичните ги прати тешка судбина.

Таков клуб секако е Пaрма! Италијанскиот клуб кој со специфичен шарм се проби до срцата на милиони љубители на најважната споредна работа во светот.

Клубот е основан во далечната 1913 година, а своите најдобри денови ги имаше во деведесетите години на минатиот век. Популарната на Парма во едно време беше и на нивното на оние најголемите италијански кубови иако никогаш тоа не успеа да стане. Сепак, приказната за враќањето и падот на Парма е приказна за падот и успехот на италијанскиот клупски фудбал.

Во 90-те години немаше посилна и популарна лига од италијанската, а во тоа време можеби ниту еден клуб од Италија не ги привлекуваше симпатиите како Парма. Со падот на Парма паралелно одеше и падот на Серија А.

Парма во минатиот век важеше за сериозен клуб, стигна и до два трофеи во УЕФА Купот и еден во Купот на победниците на куповите, но титулата шампион на Италија остана сон. Во тие години Италија беше сон на секој фудбалер, во Серија А пристигнуваа оние најдобрите, а во Парма посебните.

Веројатно Парма со својата харизма произведуваше токму такви играчи – харизматични, единствени…

Дресот на популарните „млекари“ во минатото го носеа: Хернан Креспо, Џанфранко Ѕола, Дино Баџо, Фабио Канаваро, Хуан Себастијан Верон, Лилијан Турам, Џанлуиџи Буфон, Фаустино Асприлија…

Проблемите за Парма започнаа кон крајот на 2003 година со скандалот „Пармалата“. Парма не успеа да се ослободи од пропаста на компанијата, а клубот веќе го отпишаа.

Сепак во обид да се врати Парма во 2004 година воскресна како Парма Ф.К (место Парма А.К), но резултатите беа се полоши и полоши. Клубот никако не успеавше да се врати на славните патеки, а официјално клубот повторно пропадна во 2015 година кога поради огромни долгови беше објавен банкрот.

Тогаш „млекарите“ беа испратени во Серија Д и многумина сигурно помислуваа дека приказната за овој клуб ќе има тажен крај.

Меѓутоа Парма повторно оживеа овој пат како С.С.Д Парма 1913 и веднаш после исфрлањето во Серија Д го започна својот пат до враќањето. Навивачите не го напуштаа клубот ниту во најтешките моменти, стадионот беше преполн, а екипата редеше победи.

Ретки беа оние кои очекуваа дека Парма може за три сезони од испаѓањето во Серија Д за три сезони да се врати во елитата – но тоа се случи!

Парма со победата на Спезија и ремито на Фросиноне против Фоџа се избориза втората позиција и наредната година ќе ги гледаме помеѓу најдобрите!

41 годишниот капитен на Парма   Алесандро Лукарели кој беше со клубот и во најтешките денови даде ветување дека ќе го врати клубот во Серија А и сега тоа ветување го исполни!