Граѓаните најнезадоволни од мобилната телефонија – АЕК решаваше 918 спорови во 2016


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од јануари до декември изминатава година, АЕК решавала 918 спорови на корисници за телекомуникациските услуги.

Поплаките се осднесуваат на висината на сметките и квалитетот на услугите.

Најмногу спорови, 20.2 отсто се однесуваат за говор во мобилната телефонија, по што следат 18.1 отсто за мобилен интернет, 6.4 отсто за ДВБ Т, 5.5 отсто за говор во роаминг, 5.3 проценти за кабелска телевизија и така натаму.

Од вкупниот број спорови, 448 барања за решавање спор се за услуги од оне.Вип, 41,7 процент или 369 барања за решавање спор на Македонски телеком, а 7,6 проценти за спорови со останатите оператори.

Од споровите на корисниците со оне.Вип целосно или делумно се усвоени 20,5 проценти, во тек на решавање се 10,7 проценти, а отфрлени се 54,5 проценти.

Од споровите, пак, со Македонски телеком, за 14,2 процента се изготвени решенија за усвојување или делумно усвојување, во тек се 19,1 процент, а отфрлени се 47,8 проценти. За 13,4 проценти од приговорите постапката е запрена.

Директорот на АЕК Сашо Димитријоски вели Агенцијата ги решава поплаките кои во голем дел се оправдани, бидејќи често граѓаните се жалат и неоправдано.