Home Актуелно Градоначалникот на Ѓорче Петров за Макфакс: „Купив BMW, нема со магаре да патувам“

Градоначалникот на Ѓорче Петров за Макфакс: „Купив BMW, нема со магаре да патувам“

Откако се најде во нов своевиден јавен скандал со пренесување на информацијата од страна на медиумите дека се подновил со BMW X5, градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, во изјава за Макфакс вели дека е нормално да си купи друг автомобил.

Наумовски пред година и половина кога седна во градоначалничката фотелја возел „пежо 1007“. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека е нормално да си купи нов автомобил со малку арогантно образложение: „Па, нема со магариња да патуваме“.

„Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да патуваме“, вели Наумоски за „Макфакс“.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

На адресата на Јелена Томашевиќ пристигнало писмо: Скршена од емоции, пролеала море солзи

Таткото на Јелена Томашевиќ направил нешто пред смртта Скоро две години поминаа од кога та…