Home Актуелно Гоце Вегетата го фатиле со марихуана и му стегнале кривична

Гоце Вегетата го фатиле со марихуана и му стегнале кривична

Независниот кандидат за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски, кој на социјалните мрежи стана познат како Гоце Вегета бил фатен со марихуана и пред три дена СВР Охрид поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. Во стан во кој престојувал му биле најдени две зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис, се вели во соопштението од полицијата.

Пријавата е поднесена на 2 ноември, а претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…