Горан Сугарески си поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор во СДСМ


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бившиот министер за транспорт и врски и кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, Горан Сугарески поднесе оставка на функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Тој одлуката ја соопшти утрово на својот Фејсбук и објасни дека е поради лошите резултати на локалните избори.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ“, напиша Сугарески.

Според него, оставката претставува негов придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.

Сугарески вели и дека останува социјалдемократ.

„Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман“, пишува Сугарески.